„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.05.2026 - 09.06.2026 , Обука
сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Дали знаете дека дел од најголемите скриени трошоци во организациите произлегуваат од неефикасна комуникација, недоразбирања и нерешени несогласувања меѓу вработените? Ситуации кои започнуваат како различни ставови, а прераснуваат во конфликти, ја нарушуваат тимската динамика, ја намалуваат продуктивноста и создаваат дистанца меѓу колегите. Во такви околности, менаџерите често се наоѓаат во улога на „судија“, наместо во улога на медијатор кој поттикнува конструктивен дијалог и решение.
Улогата на менаџерот во препознавање и навремено адресирање на несогласувањата е клучна за одржување здрава работна атмосфера и ефективна соработка. Преку примена на медијаторски пристап, менаџерите можат да помогнат во намалување на тензиите, подобрување на комуникацијата и создавање услови за взаемно разбирање и доверба меѓу членовите на тимот.
Развивањето на вештини за посредување и управување со конфликти овозможува проблемите да се препознаат во рана фаза и да се решаваат пред да доведат до нарушени односи, намалена мотивација или прекин на комуникацијата. На тој начин, тимовите функционираат поефикасно, а организацијата создава стабилна основа за остварување на своите цели.
Со цел да понуди практични алатки и современи пристапи за управување со меѓучовечките односи во организациите, Стопанската комора на Северна Македонија на 10 јуни 2026 година организира семинар на тема „Менаџерот како медијатор при несогласувања меѓу вработени“, која ќе се фокусира на улогата на лидерите во препознавање, посредување и конструктивно разрешување на конфликти во работната средина.
Семинарот е наменет за сопственици, менаџери, тим лидери, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.
· Стекнување со нови знаења за динамиката на креирање и препознавање на конфликти
· Разбирање на фазите на конфликт и потребите во секоја од нив
· Зголемена свесност за емоциите кои се јавуваат при конфликтни ситуации и можностите со нив да се управува на ефикасен начин
· Задржување на неутрална позиција и поддршка на двете страни во конфликтот.
· Што е конфликт и како го препознаваме?
· Прашалник за личен стил на конфликт
· Развој на конфликтот по фази
· Вежба – Реакција и потреба во Фаза 1 конфликт
· Студија на случај “Сите се во право”
· Медијација во Фаза 2 конфликт
· Заклучоци и евалуација на обуката
- Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- материјали за реализација на вежбите
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 5 јуни 2026 година.