„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Конференција

Онлајн Годишна конференција на EЕН- 11-13.11.2026

10.11.2026 - 13.11.2026 , Конференција

онлајн

Почитувани претприемачи и претставници на бизнис секторот,

Ве покануваме да бидете дел од најважниот европски настан за мали и средни претпријатија годинава – Годишната конференција на Enterprise Europe Network (EEN).
Настанот ќе се одржи во Даблин, Ирска, од 11 до 13 ноември 2026 година, на стадионот Croke Park, под слоганот „Агилна мрежа во свет што се менува“.
Иако нашиот тим и домашните компании годинава нема да присуствуваат физички во Ирска поради рестриктивниот визен режим и високите патни трошоци, обезбедивме целосно онлајн учество и дигитална поддршка.
Нашата цел е да овозможиме максимална видливост за македонскиот бизнис сектор на европско ниво – целосно бесплатно и без никакви трошоци за Вашата компанија.
 
Клучни теми во фокусот на конференцијата
Овогодинешната конференција, организирана од Генералниот директорат на ЕК (DG GROW) и агенцијата EISMEA, собира над 700 учесници и се фокусира на 4 главни области:

1.    Единствен пазар: Олеснување на пристапот на малите и средни претпријатија (МСП) до европските и глобалните пазари.

2.    Индустриска транзиција: Поддршка на компаниите во нивната зелена и дигитална трансформација.

3.    Иновации и стартапи: Подобрување на пристапот до финансии и нови инвестиции.

4.    Квалитет и влијание: Имплементација на алатки базирани на вештачка интелигенција (AI) за подобро деловно поврзување.

 
Како македонските компании ќе бидат вклучени?
Бидејќи физичкото присуство во Даблин е строго ограничено, домашните компании ќе се вклучат дигитално преку два модели:
Индиректно виртуелно застапување (Преку нашиот тим): Преку официјалната дигитална платформа на Enterprise Europe Network, https://een.ec.europa.eu/ нашиот тим онлајн ќе ги застапува интересите на домашното стопанство, ќе гради меѓународни релации и ќе ги презентира капацитетите на нашите компании пред странски инвеститори и купувачи.
Директно онлајн следење (За компаните): Можете бесплатно и во живо да ги следите главните пленарни сесии преку официјалниот YouTube канал на Enterprise Europe Networkhttps://www.youtube.com/user/enterpriseeurope за да се информирате за новите трендови во ЕУ:
Отворање (11 ноември, 15:00 CET): Официјален пренос во живо на LIVE | #EEN2026 Opening Plenary https://www.youtube.com/watch?v=5f_WR4_rCAM– Дебати за конкурентноста на пазарот.
Затворање (13 ноември, 12:30 CET): EEN 2026 Closing Plenary – Заклучоци и идни чекори, достапни на главната видео страница на EEN платформата, https://www.youtube.com/watch?v=RPAyztdj-tU
 
Директен бенефит за Вашиот бизнис
 
Вклученоста во дигиталните сесии ви овозможува:

Директно да ги дознаете најновите европски практики за дигитализација и зелена транзиција.

Да ја зголемите конкурентноста на европскиот пазар.

Да отворите нови можности за прекугранични деловни партнерства, соработки и проширување на бизнисот.

Подетални информации за целосната агенда и говорниците се достапни на официјалната страница на ЕУ најавата: Enterprise Europe Network Annual Conference 2026.
 

Искористете ја можноста за глобално вмрежување и деловна соработка.

 
 

Контакт лица:

м-р Сања Николова,

тел: 02 3244-091,

моб:071/230-452

меил: sanja@mchamber.mk; 

 

м-р Ирена Мојсовска,

тел: 02 3244-009,

меил: irena@mchamber.mk