„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Повици

04.04.2025

Open4Business: Зајакнување на ММСП во Западен Балкан - Патот кон ЕУ

 Стопанската комора на Северна Mакедонија како членка на Европската мрежа за претприемништво во соработка со Стопанската комора на Србија и Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство (DG ENEST) и Европската мрежа за претприемништво ве поканува на регионалниот деловен настан „Open4Business: Empowering“ на ЕУ, кој ќе се одржи на 9 април 2025 година во Белград, Србија, во хотел Метропол Палас (Булевар Краља Александра 69, Белград).

Целта на настанот е да се поттикнат инвестициите во Западен Балкан преку:

·        Информирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) за можностите за финансирање со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF);

·        Поврзување на компании од Западен Балкан, Европската Унија и финансиски институции;

·        Размена на информации меѓу компании од регионот на Западен Балкан и компании од ЕУ, јавните институции за политиките и предизвиците во бизнисот.

Настанот ќе биде организиран во два дела и ќе опфати утринска сесија со панел дискусии за WBIF програмите и поттикнување инвестиции од европски компании, како и попладневна сесија посветена на можностите за деловно вмрежување (matchmaking).

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со поддршката на WBIF во форма на заеми, капитал, техничка помош и советодавни услуги достапни преку финансиските институции. Финансиските институции и компании ќе споделуваат практични искуства, а претставници на стопанските комори ќе зборуваат за можностите и предизвиците за интеграција во регионалните и европските синџири на вредности.

Во вториот дел од настанот ќе се одржат средби со претставници на компании од Западен Балкан, Европската Унија, како и со претставници на финансиски институции и стопански комори.

Пријавувањето за учество на состанокот се врши преку линкот: https://open4business-empowering-msmes-in-wb.b2match.io/  до 04.04.2025 година.

Ве молиме да не известите за вашиот интерес за учество на настанот на е-мејл: info@een.mk .

Настанот е организиран во хибриден формат и можете да го следите онлајн или да учествувате на состаноците во хотелот Метропол Палас во Белград.

За повеќе информации, во прилог можете да најдете Нацрт агенда на настанот: https://open4business-empowering-msmes-in-wb.b2match.io/components/51919 .