„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ПРВИОТ САМИТ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

23.06.2023

„За да можат економиите во регионот да се трансформираат во зелени, одржливи и циркуларни, важно е политиките на Западен Балкан взаемно да ги усогласат активностите во своите економии, за регионот заеднички да може да пристапи до европскиот пазар“, беше порачано на првиот организиран Самит за циркуларната економија на земјите од Западен Балкан одржан во Белград, Р. Србија.

Самитот организиран од страна на Коморскиот инвестициски форум на ЗБ6 и Стопанската комора на Србија, а поддржан од проектот за Коморско партнерство Западен Балкан (KVP WB6), послужи како платформа за претставниците од сите шест комори и бизнис заедницата од регионот,  да се вклучат во продуктивни дискусии.
На панелот на тема „Резултатите од тригодишната имплементација на Зелената агенда во регионот“ којшто го водеше д-р Татјана Штерјова-Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на ЗБ6 како модератор, а панелист и претставник од Стопанската комора на Северна Македонија беше Кристина Кузеска, експерт за енергетика во организационата целина за претставување на членките и вмрежување.
На панелот беше потенцирано дека Република С. Македонија е една од првите земји во регионот која донесе Национален план за енергетија и клима кој во себе содржи структурни планови за затворање на сите термоцентрали на јаглен, но сепак, поради енергетската криза, во текот на 2022 година производството на енергија од термоцентралите се зголеми. Од друга страна, додека во 2020 година учеството на обновливи извори на енергија во вкупната инсталирана моќност изнесуваше 37.1%, истото во  2022 година изнесува 42%. Во бројот на новоизградени електрани во 2022 година доминираат фотоволтаичните централи кои во споредба со 2020 година кога нивното учество беше 1.41%, во 2022 година изнесува дури 15%. 
Стопанската комора на Северна Македонија активно учествува во подобрување на легислативата и бизнис климата за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија со главна порака за дисперзија во инвестирањето на обновливи извори на енергија и следење на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година. Во зеленото сценарио од оваа Стратегија, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори кои ја овозможуваат транзицијата кон  нискојаглеродна економија.