„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Брокерски настан

Меѓународни деловни средби “Connect2Slovenia” од областа на индустрија 4.0, автомобилска, метална индустрија, електроника и дигитализација, 19 септември 2024 година, Целје, Р. Словенија

19.09.2024 , Брокерски настан

Целје, Словенија

Почитувани,
Со задоволство ве покануваме на традиционалните Меѓународен деловни средби „Connect2Slovenia“, кој ќе се одржи во четврток, 19 септември 2024 година, со почеток во 10.00 часот, во сината сала на саемот Целје, во Словенија. Настанот е организиран од словенечкиот конзорциум Enterprise Europe Network, во партнерство со Министерството за економија, туризам и спорт и Јавната агенција на Република Словенија за промоција на инвестиции, претприемништво и интернационализација и во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.
Connect2Slovenia” е водечки меѓународен настан на деловни средби во Словенија, кој се одржува долги години во рамките на Меѓународниот трговски и бизнис саем (МОС) во Целје, најголемиот деловен и трговски настан во Словенија. “Connect2Slovenia” овозможува вмрежување и воспоставување нови деловни контакти директно со потенцијални деловни партнери од регионот на Југоисточна Европа и Алпе-Адриа.
Настанот е наменет за мали и средни компании, start-ups and scale-ups од областа на:
•индустрија 4.0 решенија / технологии (паметни машини, роботи,  паметна логистика, сајбер безбедност),
• дигитализација,
• автомобилска,
• метална индустрија,
• електроника,
• мобилност, транспорт и логистика и
• истражување, развој и трансфер на технологија.
 
Учеството на настанот е бесплатно, потребна е претходна регистрација до 17 септември 2024 година на веб-страната: https://connect2slovenia-matchmaking-2024.b2match.io/. Потврдената регистрација е формален билет за учество на саемот МОС.
*Иако учеството е бесплатно, ќе биде наплатена такса од 100 евра (+ДДВ) на лицата кои се регистрирани, но не присуствуваат на настанот, доколку не го откажат своето учество до 17 септември 2024 година.
Го очекуваме вашето учество на “Connect2Slovenia” 2024!
Прилог:
- Програма