„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Тридневна бесплатна обука на тема: АНАЛИЗА, ПРИСТАП И МОДЕЛИ НА ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ: 23-25 септември 2024 година

04.09.2024 - 18.09.2024 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија сала 1 на 5-ти кат, време: 09:00 –16:30 часот

Тридневна бесплатна обука на тема:

АНАЛИЗА, ПРИСТАП И МОДЕЛИ НА ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ
23-25 септември 2024 година, сала 1 на 5-ти кат
09:00 –16:30 часот

 

Институтот за извоз при Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на партнерството со УСАИД преку проектната активност „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој има цел да поттикне зајакнување на капацитетите на македонските компании за поуспешна регионална соработка и за нивно поврзување во нови партнерства, организира бесплатна обука на темаAнализа, пристап и модели на влез на странски пазари“. Обуката ќе се реалзиира во Стопанската комора на Северна Македонија од 23 до 25.9.2024 година во сала 1 на 5-ти кат.

 

Целта на обуката е учесниците од компаниите да:    

·         се здобијат со продлабочени знаења од областа на меѓународните економски односи и на меѓународниот бизнис, со фокус врз надлежностите на одделни меѓународни организации и интеграции;

·         ги согледаат придобивките од глобализацијата (особено за компаниите од малите земји со ограничен домашен пазар) и начинот на функционирање на компаниите во меѓународни рамки (интернационални компании и меѓународен корпоративен менаџмент);

·         се здобијат со сознанија за начините за влез на странски пазари.

 

Целна група: обуката е наменета за сите претставници од компаниите кои започнуваат со извоз или сакаат да се прошират на нови пазари, како и за сите други лица кои сакаат да го усовршат и да го надградат своето знаење или да го потврдат во делот на извозните активности, низ призмата на искуството на експерти и практичари од областа.

 

ПРОГРАМА

1.    Спецификите на меѓународните пазари и таргетирање потенцијален пазар

2.    Идентификување на ограничувањата за влез на конкретен пазар и профилирање на потенцијални потрошувачи

3.    Фаза 1: извоз

4.    Фаза 2: отворање претставништво

5.    Фаза 3: отворање производствен погон на странските пазари

 
Тренери/Предавачи

Катја Зајц Кејжар е редовен професор на Универзитетот во Љубљана, Факултет за економија и бизнис, и раководител на Академската единица за меѓународна економија и бизнис. Нејзините истражувачки интереси опфаќаат различни аспекти во меѓународната економија и бизнис, европската економска интеграција, во глобалните синџири на вредност, управувањето со ризик и во индустриското реструктуирање. Работела како гостински истражувач и предавач на Универзитетот во Болоња, Шангајскиот универзитет за меѓународен бизнис и економија и на Универзитетот во Антверпен, а редовно предава на Универзитетот во Ријека. Учествувала во голем број европски (Европската комисија, Жан Моне), меѓународни (ОЕЦД) и домашни словенечки проекти (АРИС, Стопанската комора на Словенија, Царинската администрација на Република Словенија, Министерството за економија, туризам и спорт, и Министерството за земјоделство, шумарство и храна).

Во моментов таа го води проектот „EUglobe – ЕУ бизнис-успех на глобалните пазари“ (Еразмус+, Европска комисија), кој има цел да го подобри капацитетот за управување со ризик на компаниите на глобалните пазари.

Ведад Халиловиќ, менаџер за извоз во „АС холдинг“ Сараево, има дипломирано на Универзитетот во Истанбул, на департманот Меѓународни односи, додека, пак, своите магистерски студии ги завршува на Трговскиот универзитет во Истанбул. Во компанијата „АС Холдинг“ тој развива планови за унапредување на извозот и учествува на светски манифестации (саеми, самити и конференции), каде што ги претставува достигнувањата на компанијата. Ведад е член на Собранието на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина и косопственик на мала трговска компанија чиј тим брои 12 лица.

 

Проф. д-р Анастас Вангели е доцент по меѓународен бизнис на Факултетот за економија и бизнис при Универзитетот во Љубљана. Неговите истражувачки интереси се насочени спрема сегменти на глобализацијата и на глобалните еволуирачки социополитички пејзажи, последиците од подемот на глобалната Кина, дифузијата на идеите низ земјите, како и спрема полињата на практиката и нивните менаџерски последици. Тој беше гостински научник на Универзитетот во Торино, Италија, на школата ESSCA за менаџмент „Анџерс и Шангај“, на Европскиот институт за кинески студии – Париз, а има студирано и спроведено истражување во неколку европски земји и во неколкуградови во Кина. Неговата работа е објавена во Critical Perspectives in International Business, Journal of International Business Policy, во Industrial Marketing Management, Journal of Contemporary China, China and World Economy и во други списанија. Тој е вонреден уредник на „Азија Европа журнал“. Во 2020 година ја доби Наградата за најдобар млад научник од општествените науки, доделена од претседателот на Македонија.

 

Дарко Антески работи на позицијата директор за набавка на трговска стока во Лидл Северна Македонија. Повеќе од 17 години работи со голем ентузијазам во малопродажбата во рамките на повеќе ланци на супермаркети, од кои 3 години е дел од тимот на Лидл. Последната година покрај тековните обврски посветено работи во делот на развој на домашни добавувачи и промоција на македонски традиционални производи, како и на изработка на брошурите во соседните Лидл држави како Србија, Бугарија и Хрватска.

 

Институтот за извоз претставува професионална, услужна алатка за поддршка на извозно ориентираните компании, која за потребите на компаниите нуди обуки и работилници за развивање на кадровските капацитети, со знаења и вештини потребни за реализација на извозните активности. Институтот, во рамките на своето дејствување, за потребите на компаниите изготвува анализи и истражувања со податоци за извозната конкурентност на таргетираните странски пазари, податоци за царинската и за даночната политика, нецарински бариери и сл.

Обуката ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат.        

Тренерите на обуката ќе користат повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ќе ја зголемат продуктивноста во пренсувањето на информациите и во успешното добивање знаења и лични перформанси кај учесниците.

Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од Стопанската комора на Северна Македонија, а за време на обуката закуска, кафе и освежување на паузите. 

Пријавувањето за обуката е со доставена пријава од вас на електронската адреса на Стопанската комора најдоцна до 18 септември (среда) 2024 година.   
Работен јазик и материјали: македонски, српски и англиски јазик.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова

тел: 02/3244-074

e-адреса:beti@mchamber.mk

 

м-р Михајло Донев

тел: 02/3244-067

e-адреса:mihajlo@mchamber.mk