„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.11.2026 - 30.11.2026 , Обука
Хибриден – физичко или онлајн присуство, по избор на учесникот
Почитувани,
Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје (IBMHS), во рамките на соработката со Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Ве поканува да бидете дел од новата генерација на Certified Risk Manager and Credit Analyst.
Станува збор за тримесечна стручна програма наменета за професионално усовршување во областа на управувањето со финансиски ризици и кредитната анализа.
Преку структуриран пристап, комбинирање на теоретски знаења и практични примери, програмата овозможува развивање на аналитички вештини потребни за проценка на кредитоспособноста, препознавање на финансиските ризици и носење квалитетни деловни одлуки.
📌 Што опфаќа програмата?
👥 За кого е наменета обуката?
Програмата е наменета за вработени во банки, осигурителни компании и други финансиски институции, професионалци од областите на финансии, кредитирање, анализа и управување со ризици, како и за сите заинтересирани кои сакаат да се специјализираат во оваа област.
Програмата е соодветна и за почетници со основни познавања од банкарството.
📅 Основни информации
🎓 Специјална поволност за членките на Стопанската комора на Северна Македонија
Во рамките на заедничката соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, за сите заинтересирани кандидати од компаниите членки на Комората обезбедуваме специјален попуст од 200 евра за учество во програмата.
Со користење на промотивниот код, редовната цена од 1.200 евра се намалува на 1.000 евра.
Промотивен код: SKSMCRA
За остварување на повластената цена, кандидатите задолжително треба да го внесат кодот SKSMCRA во полето „Referral Code“ при пополнување на онлајн формуларот за пријавување.
На овој начин, пријавата ќе биде евидентирана како пријава преку Стопанската комора, а кандидатот ќе може да ја искористи предвидената поволност.
По следењето на целосната програма и успешно положената проектна задача, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за завршената специјализација, согласно условите на програмата.
📩 Пријавување
Надградете ги вашите професионални компетенции и стекнете знаења за ефикасно управување со ризиците во современиот финансиски сектор.
За целосната наставна програма, дополнителни информации и пријавување посетете ја нашата веб-страница:
За сите дополнителни прашања Ви стоиме на располагање.
📞 +389 71 215 118 | +389 70 355 656