„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

„Chamber talks“ – нов проект на претседателот Азески

06.07.2026

| Новости

Стопанската комора на Северна Македонија започна со реализација на новиот проект „Chamber Talks“, инициран од претседателот на Комората, Бранко Азески.

Станува збор за кратка, динамична видео-форма на разговор во која претседателот Азески отвора актуелни теми од значење за бизнис-заедницата преку разговор со вработени и експерти од Комората.

Во првото издание на „Chamber Talks“, чија тема е "ПЛАНОТ НА РАСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА" соговорници на Азески се д-р Татјана Штерјова Душковска, оперативен директор во организационата целина за развој, иновации и знаење во Стопанската комора и Даниела Михајловска Василевска, советник за активности поврзани со извозот во Кабинетот на претседателот на Комората.

Во разговорот беше истакнато дека во рамки на т.н. реформска агенда, секоја држава самостојно ги дефинира чекорите за исполнување на критериумите. За Република Северна Македонија се предвидени 134 чекори, а за нивно исполнување е предвидена вкупна поддршка од околу 710 милиони евра.

Како што беше нагласено, средствата не се директна финансиска поддршка за компаниите, туку се насочени кон подобрување на целокупниот економски амбиент во државата, по што се очекува бизнис-секторот да добие подобри услови за раст и развој.

Покрај тоа, беше дискутирано и за достапните стимулативни мерки и европски програми, за Коморскиот инвестициски форум, економските односи со Р. Бугарија, но и со останатите земји во регионот.