„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Порака од претседателот

ПРОБЛЕМИ, ПРОБЛЕМИ, ПРОБЛЕМИ

10.03.2025

Ќе следат нови активности на Комората за поддршка на бизнисот

 

Пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора

 

Како и секогаш и сега проблемите дојдоа неочекувано. За неупатените. После толку кризи (економска, финансиска, здравствена, енергетска), човек да мисли дека нема да дојде до ова, треба да е многу наивен. И сега, сите во кавга и пак бизнисот ќе ја плати сметката. Прашање е само до кога вака. На терен работите стојат вака: на глобално ниво не сум сигурен колку луѓе знаат што се случува, Европа е фатена на спиење, балканскиот регион вечно дебатира. Резултатот е следен. Во КИФ едвај успеавме да ги собереме на едно место сите членови на Управниот одбор, европските дипломати трчаат на сите страни, балканските лидери почнаа да се изјаснуваат, кај нас бизнисот бара уште пари...... Се на се` веќе познато сценарио за отворање на проблемите. Но, Комората не запира, си ја остварува својата улога согласно законите, продолжува да ги поддржува фирмите, дава нови иницијативи, дебатира, промовира книги, кадровски се екипира, им помага на компаниите за нивно излегување надвор од границите. За коморската поддршка на компаниите и преку конкретни примери:

-        осум фирми од Македонија, во организација на Клубот на извозници се промовираат на саемот за храна во Атина, Р. Грција;

-        во Словенија ќе се надградуваат капацитетите за одржлив туризам преку согледување на словенечкиот систем со можност да се применат успешни практики и во македонските туристички дестинации со понуда на одржливи производи и практики;

-        во Белград Коморите од Западен Балкан разговараа и дефинираа приоритетни активности од значење за бизнисот кои треба да бидат поддржани преку продолжување на досегашниот проект со Европската комисија кој се однесува на заедничкиот регионален пазар;

-        на 27 март 2025 година Управниот одбор на КИФ и компании од Бизнис советот (од сите земји на Западен Балкан), ќе имаат состанок во Брисел со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Од состанокот се очекува фирмите членки на Бизнис советот да ги споделат своите мислења за регионалната бизнис интеграција и предизвиците со кои се соочуваат за заеднички регионален пазар и поблиската интеграција со единствениот пазар на ЕУ. Фокусот ќе биде ставен на трговијата со стоки и услуги, инвестиции и пристап до финансии, и пристапот до зелена транзиција.

А дека Комората работи континуирано и активно, говорат сликите во продолжение за само дел од настаните реализирани во двата месеци од почетокот на оваа година. За секоја од нив и мало образложение на крајот од текстот.    

 

1. Проблемите започнаа во Подгорица во февруари. Конечно после долго време Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во полн состав на едно место.

2. Проблемите ескалираа со иницијативите на новиот американски претседател кои сигурно ќе имаат сериозен одраз и во бизнисот. Засега едно е јасно. Клубот Европа при Стопанската комора ќе заживее со пет амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје и 10 најголеми бизнисмени од средната генерација.

3. Остри критики кон Европската Унија имаше претседателот Радев на годишната конференција на Економист во Софија, но подаде рака на иницијативата за средба на бугарските и македонските бизнисмени што поскоро.

4. Претседателот Азески, одлуката на Уставниот суд да го поништи Законот за данок на солидарност ја окарактеризира како потврда дека аргументите на бизнис-заедницата од самиот почеток беа исправни. 

5. Се договараат два крупни проекти со Владата, еден како да се сопре одливот на мозоци од Македонија, вториот како да се поддржи извозот. Тоа ќе биде пример за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.

6. Паралелно со борбата против одливот на мозоци, Комората отвора уште едно сериозно прашање како надополнување, преку Платформа за борба против иселување и за враќање на младите дома.  

7. Огромна почит кон нашата Комора изрази доајенот на светското коморско движење, Рифат Хисарчиоглу кој што со тим од 10 претседатели на регионални комори од Турција дојде на Генералното собрание на АБЦ во Скопје, каде се расправаше за инфраструктурата на Балканот. 

8. Бизнис клубот продолжува. Во едно од изданијата и со м-р Наташа Јаневска која како коморски човек, направи голем придонес во заокружување на проектот за дуално образование и за реформите во образовниот процес во целост. Од 11 компании пред 5 години, во учебната 2021/2022 година, во учебна 2023/2024 година, достигна околу 560 компании.

9. Излезе од печат монографијата на ГС1 глобалниот систем на стандардизација по повод 30 годишнината од неговото постоење во Македонија. Промоцијата на монографијата ќе биде наскоро.