„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Брокерски настан

Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network

18.06.2024 - 19.06.2024 , Брокерски настан

Брисел, Белгија

Почитувани,
9. издание на Tech4SmartCities ќе се организира заедно со GreenTech форумот во Брисел, во рамки на Enterprise Europe Network, на 18 јуни 2024 година (09:00 до 17:00 часот), Maison de la Poste, Брисел, само со физичко присуство.
Настанот со Б2Б средбите, се фокусира на одржливи и паметни дигитални технологии за градовите и за таа цел Стопанската комора на Македонија, ве поканува да учествувате и да откриете повеќе можности за бизнис соработка во областа на урбаната мобилност, енергетските перформанси, одржливата градба, кружноста, економичноста на јаглерод и дигиталната трансформација.
Учеството на Tech4SmartCities може да ви помогне да го најдете вашиот технички партнер за меѓународна соработка или проекти за истражување и развој.
  • Доколку имате иновативен проект/решение кое може да придонесе кон постигнување на целите за одржливост за намалување на стакленички гасови и дигиталниот отпечаток во градовите?
  • Доколку барате партнер за подобрување и развој на вашата технологија?
Главни теми за дискусија:
      • Паметни градови и заедници, одржливи ИКТ за градовите
• Паметна мобилност и логистика
• Енергетска ефикасност на згради и области
• Обновливи извори на енергија, управување и обновување на енергијата, паметни мрежи и интеграција на енергетските системи
• Циркуларна економија и решенија засновани на природата за урбаните области
• Паметно, здраво и безбедно живеење.
Брокерскиот настан Tech4SmartCitie е бесплатен, ќе се одржи на 18 јуни 2024 година (09:00 до 17:00 часот) - Maison de la Poste, Брисел, но регистрацијата и активирањето на профилот се задолжителни https://tech4smartcities-2024.b2match.io/signup, рок до 14 јуни 2024 година.
За кого е наменет настанот?
  • Приватни технолошки компании (вклучувајќи почетни мали и средни претпријатија и големи претпријатија)
  • Јавните власти и општините
  • Здруженија на индустријата
  • Универзитети и истражувачки центри
  • Инвеститори и бизнис ангели
Настанот, исто така, ќе се фокусира на можностите за европски истражувања и иновации во рамките на програмата Хоризонт Европа, а со проектот GREENET ќе се претстават претстојните можности за финансирање на Horizon Europe со фокус на паметен град и одржливи ИТ теми. Учеството на работилницата на Хоризонт Европа е ограничено на учесници кои исто така се пријавиле за Б2Б сесиите.
Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://tech4smartcities-2024.b2match.io/components/38307

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
 ++ 389 2 3244009
 
Сашка Велков
 ++ 389 2 3244054