„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА

18.06.2024 , Семинар

Сала 1 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија

Ергономијата претставува наука која ги опфаќа биолошката антропологија, генетиката, анатомијата, физиологијата, биомеханиката, дизајнот и уште ред други науки и низа научни дисциплини. Нашироко е распртострането мислењето дека доколку седите, стоите  правилно, сте ја имплеметирале ергономијата во вашата работна средина. Ергономијата е многу повеќе од станување во текот на денот, седење правилно и стоење. Постојат толку многу фактори во нашата околина кои исто така имаат влијание врз нашето здравје и благосостојбата на работа. Целта на добрата ергономија во работниот простор е да се чуствувате добро. Ако успеете да создадете работно опкружување кое ќе води до благосостојба, тогаш ќе успеете да ги направите колегите среќни и ќе ја зголемите продуктивноста.
Сепак, може да се каже дека сите знаења и информации од наведените науки и научни дисциплини ергономијата ги користи при креирањето работни системи, со кои се овозможува намалување на професионалните болести, заболувања, повреди, а воедно зголемување на безбедноста и олеснуваање на работењето. 
За да бидете сигурни дека работното опкружување е соодветно за сите вработени, потребно е да имате флексибилени и подвижни решенија кои лесно можат да се прилагодат на индивидуалните потреби и да бидат прилагодени на различни задачи. Би требало, на пример да можете да ја прилагодите висината на масата во зависност од тоа дали ќе седите или стоите. Психолозите истражиле дека луѓето во стоечка позиција генерираат за 24% повеќе идеи отколку кога седат. Флексибилните и функционални работни решенија исто така треба да можат да се прилагодат на различни активности. Замислете си ја природната поврзаност помеѓу различните места за работа и различните задачи и ќе пронајдете природен ергономски начин да се достават тие решенија. Сето тоа во насока на постигнување ефикасно и ефективно искористување на човечкиот труд. 
Како таква наука, има огромно позитивно влијание врз задоволството на работниците, нивното психо-физичко здравје и нивната благосостојба. Докажано е дека само таквите работници можат да постигнат најдобри резултати при работењето. Ергономија е научна дисциплина чија задача е да го истражува човековиот организам и однесување, со цел да обезбеди податоци за прилагодување на предметите со кои човек доаѓа во контакт. Со еден збор, ергономија е наука што се занимава со проучување на интеракцијата меѓу луѓето и машините, односно се занимава со дизајн на производи и уреди коишто треба да бидат најдобро прилагодени на човечкото тело.
    Ерономијата е во тесна врска со безбедноста и здравјето при работа, која пак, се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место.
    Ергономијата, благодарение на брзиот технолошки развој, постојано се надградува и менува, со цел да остане во тек со најновите трендови и сознанија. Ергономијата има голем број предности: 
1.    Ергономијата го подобрува физичкото и менталното здравје на вработениот;
2.    Ергономијата доведува до поголема продуктивност кај вработениот;
3.    Ергономијата ги редуцира трошоците.
    
Со цел присутните да се стекнат со подетални и поспецифични познавања и методологии кои ергономијата ги нуди, Стопанска Комора на Северна Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на ден 13 јуни 2024 година со почеток во 10:00 часот, организира еднодневен семинар  на тема: ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА. 
      Целта на работилницата:
      Целта на работилницата е стекнување со особено важни познавања од областа на ергономијата кои се во насока на зголемување на на безбедноста и здравјето при работа, како и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР. Со анализа на проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, како и со анализа на моменталната состојба при имплементацијата на ергономските принципи, ќе се развие модул кој ќе го олесни процесот на спроведување на ергономските правила при креирањето на работните системи, во насока на подобрување на безбедноста и здравјето на работниците и намалување или целосно елиминирање на потенцијалните опасности. 
     За кого е наменета работилницата?
     • За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
   • За раководители и стручни лица за БЗР, вработени од сите нивоа во сектор за човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.
ПРОГРАМА 
 
I дел: 
-  Вовед во ергономијата и нејзината врска со БЗР;
-  Ергономски принципи (когнитивни и физички).
II дел:
- Ергономија во современите канцеларии (компјутерски работни места) Влијанието на  ергономијата врз БЗР и продуктивноста на работниците;
- Специфични области во ергономијата (работни положби, рачни работни задачи, повторувачки движења, мускуло-скелетни заболувања, организација на работната средина)
-  Препораки за подобрување на неседечки работни места 
-  Корисности од физичките вежби за истегнување 
-  Останати специфични работни места
III дел:
-  Што е мускулоскелетно заболување?
-  Типови на мускулоскелетни заболувања.
-  Ергономија како основа за превентивни мерки од мускулоскелетни заболувања.
-  Примери на добри практики за превенција од мускулоскелетни заболувања
Предавачи:     
-    Проф. д-р. Јасмина Чалоска – Машински факултет, стручно лице за БЗР;
-    Доц. д-р Трајче Велковски - Машински факултет, стручно лице за БЗР;
-    Д-р. Билјана Матевска - специјалист по ергономија;
-    Проф.д-р. Серјожа Гонтарев - Факултет за физичко образование, спорт и здравје.
Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 13 јуни 2024.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- електронски работен материјал ; 
- ручек и освежување; 
- сертификат за учество на семинарот;
- потврда со 10 бода.

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
 ++ 389 2 3244074
 
м-р Михајло Донев
 ++ 389 2 3244067