„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Креирање и пополнување на ПРЕДМЕТ папка и пополнување на “ПОПИС НА документи/записи И ПРИЛОЗИ” при прием и создавање на документот/прилогот во насока на ефикасна организација, реализација и начела на канцелариско и архивско работење

18.06.2024 , Семинар

Онлајн семинар

Целта на „онлајн“-семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на подготовка на  документи за доставување до сектори и нивна обработка креирање на кошулица, предмет папка како и нејзино пополнување. Пополнување на предмет папката во делот попис на документи/записи и прилози. 
        Програма на семинарот:
-     Закон за архивски материјал;
-     Помошна евиденција во канцелариското работење;
-     План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
-     План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
-    Прегледување и распоредување на документи и записи;
-    Составување комисија за избор и ништење на документи;
-    Распоредување документи по интерни доставни книги;
-    Разведување и класифицирање документи по организациони единици; 
-    Одлагање решени документи во архива;
-    Евидентирање на архивскиот материјал; 
-    Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот
     материјал во  соодветен простор и стандардна опрема;
-    Сопствена евиденција во процес на архивирање;
-    Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
-    Правилна класификација и рокови на чување на документација;
-    Организација и надзор на документиран систем;
-    Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот
     и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
-    Уредба за канцелариско и архивско работење;
-    Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
-    Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.
Предавач:
             -м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Заинтересираните за учество на овој „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 17.6.2024 година.

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057
 
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
 ++ 389 2 3244074