„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?

18.06.2024 , Семинар

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

Значењето на Content Marketing-от е сѐ пошироко прифатено од страна на компаниите, меѓутоа нивото на кое се спроведува во најголемиот дел од локалниот пазар е сѐ уште на многу базично ниво. Компаниите се посветуваат на креирање Facebook страници и Instagram профили, без претходно истражување на нивните потреби и потребите на нивната целна публика. Се одлучуваат за креирање на содржина која во моментот е „трендинг“ без разгледување дали таа содржина навистина може да придонесе во нивните бизнис и маркетинг цели. За креирање на ефикасна Content Marketing стратегија, неопходно е длабинско разбирање на процесот на избор на соодветни комуникациски канали за брендот, а потоа и дефинирање на content формати кои можат најефикасно да ги остварат целите. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 18 јуни 2024 година организира семинар на тема: „КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?“.  
Еднодневниот семинар се фоксуира на едукација на посетителите за користите од ефикасниот Content marketing преку користење на различни формати на содржина. 
Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со процесот на избор на соодветен формат на содржина, да ги запознае со најпопуларните content формати, како и да ги подготви за изработка на ефикасна содржина во форматите кои се најефикасни за нивните брендови. Еднодневниот семинар на посетителите ќе им овозможи да научат што е навистина неопходно за успешен content на нивниот бренд, како да пристапат кон целната публика, и кои content формати ќе им ги донесат посакуваните резултати.
По завршувањето на семинарот, посетителите ќе имаат основни познавања за клучните сегменти на изработка на содржина, процесот на дефинирање формати на содржина според зададена цел и изработка на ефикасни решенија во различни content формати.
На овој семинар ќе бидат дискутирани можностите за развивање на содржина во најпопуларните content формати, но и ќе се работат практични вежби за развој на содржина која во моментов добива на популарност, со цел посетителите да се навремено подготвени за иднината на Content marketing-от. 
Семинарот е посветен исклучиво на промовирање на услуги и е наменет за претставници на услужниот сектор (финансиски институции, ИТ компании, е-продавници и сите останати даватели на услуги). 
Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат мало почетно знаење.
Напомена: Посетителите е неопходно на семинарот да понесат лап топ поради активно учество во праткитчниот дел.
I дел : Запознавање со Content Marketing и Content Writing
  • Запознавање
  • Дефинирање на поими Content Marketing и Content Writing
  • Видови на Content Writing
  • Улогата на содржината во целокупната маркетинг стратегија
  • Разлика помеѓу креирање content за производ и услуга
II дел: Запознавање со формати на содржина
  • Практична вежба: Избор на формат на содржина според зададена цел
  • Анализа на креирани решенија
  • Најчесто користени content формати
  • Примена на најчесто користени content формати во услужна дејност
  • Процес на избор на најсоодветна содржина според зададена цел
III дел: Примена на Content формати
  • Основни елементи за успешен блог пост
  • Практична вежба: Изработка на блог пост
  • Анализа на креирани решенија
  • Основни елементи за успешен поткаст
  • Практична вежба: Check-list за поткаст
  • Анализа на креирани решенија
IV дел: Примена на Content формати
  • Бесплатни алатки за изработка на инфографик
  • Основни елементи за изработка на TikTok видео
  • Основни елементи за изработка на успешен LinkedIn Newsletter
  • Практична вежба: Изработка на LinkedIn Newsletter
  • Анализа на креирани решенија
Предавач:   
- Ива Дујак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 14 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    работни материјали во електронска верзија;
-    ручeк и освежување; 
-    сертификат за учество на семинарот.
Последен рок за пријавување:  13.6.2024 година.

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
 ++ 389 2 3244067
 
м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057